принтскрин/јутјуб

Пита-пица од готови кори: Брз и штедлив рецепт за вашата вечера!

Пита-пица подготвена според стар рецепт од нашите баби…

Не се досадувајте во изолација, подгответе вкусна вечера за вашето семејство!

Состојки: 10 тенки готови кори, 150 грама сирење, 100 гр рендан паризер, 100 мл млеко, 2 јајца, малку кечап, половина прашок за пециво, оригано и масло.

Подготовка: Издробете го сирењето со вилушка, додадете го млекото и 2 јајца, прашокот за пециво и измешајте. Паризерот изрендајте го.

Земете една кора и малку напрскајте ја со масло, ставете 3 лажици од подговената смеса и премачкајте ја целата кора. Одозгора наросете со малку паризер, малку кечап и оригано.

Завиткајте во ролничка и наредете во подмачкан плех. Истата постапка направете ја со сите останати кори.

Премачкајте ги ролничките со масло и печете околу 30 минути на 200 степени. Пријатно!

Рецептот го позајмивме од каналот „Bakina kuhinja“, погледнете ја целосната подготовка во следното видео:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот