Писателката и преведувачка Милена Илиќ престојува на преведувачка резиденција во Скопје

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на преведувачка резиденција во Скопје во јули престојува писателката Милена Илиќ. Во текот на својот резиденцијален престој во Скопје, Илиќ ќе работи на преводот на книгата „Другата страна“ од Ѓорѓи Крстевски.

Милена Илиќ е родена 1978 година во Белград. Дипломирала на Катедрата за книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Пишува песни и кратки раскази и преведува од македонски на српски јазик. Во 2009 година ја објавува поетската книга „Хепи микро вумн блуз“. Нејзин расказ е вклучен во антологијата на млади автори „Простор за влажниот пес“, а нејзините песни биле дел од неколку антологии.

Во овој момент е една од најактивните преведувачки од македонски на српски јазик. Нејзините преводи на авторки и автори од поновата генерација на македонски писатели се објавени во релевантни издавачки куќи во Србија, како и во значајни списанија за литература.

На српски јазик ги објавила преводите на следниве книги: „Поврзи ги точките“ и „Некој бил тука“ од Николина Андова-Шопова, „Одбројување“ од Фросина Пармаковска, „Страв од варвари“ од Петар Андоновски, „Утеха за голите“ од Давор Стојановски, „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски.

Резиденцијалниот престој на Милена Илиќ е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 186, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 8-9.7.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот