
Пирс Морган тврди дека членови на кралското семејство му се заблагодариле што им се „спротивставил“ на Меган и Хари
Британскиот водител Пирс Морган изјави дека добил пораки во име на кралското семејство во кои некои членови му се заблагодариле што им се „спротивставил“ на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл.
Препорачано
Обраќајќи му се на водителот на телевизијата „Екстра“, Били Буш, поранешниот водител на „Добро утро Британија“ рече дека од кралското семејство го контактирале по шокантното интервју на Меган и Хари со Опра Винфри.
„Тие ми испратија неколку пораки во име на неколку членови на кралското семејство“, рече Морган.

На прашањето од Буш дали добил поддршка од „луѓе од повисоките слоеви“ Морган го одбегна одговорот.
„Нема да навлегувам во тоа за кој станува збор. Но, она што би го кажал е дека сум благодарен што некој прозборе“, кажа поранешниот водител.
Морган ја напушти улогата на водител на „Добро утро Британија“ во март откако доби низа критики затоа што рече дека не верува дека Маркл размислува за самоубиство, нарекувајќи ја лажга.
На прашањето што би ѝ кажал на војвотката, Морган рече дека сака да побара од кралскиот пар уште едно интервју со него со приближно исто времетраење како интервјуто со Опра, за да може да им постави „потешки прашања“.

„Ако толку многу го мразите кралското семејство, зошто ги чувате своите кралски титули? Зошто постојано се нарекувате војвода и војвотка од Сасекс? Зошто би го правеле тоа ако едноставно не сакате да заработите неколку милиони долари? Преправањето дека сте жртви е искрено болно“, рече Морган.
Откако раководството каде што претходно работел, го замолиле да се извини за коментарите за војвотката, тој одбил и си дал оставка.