Ангел Петрушев (втор од десно) имаше средба со директорот на АМС, Наумче Мојсовски/Фото: Агенција за млади и спорт

Петрушев четвртопласиран на ЕП за јуниори и помлади сениори во кајак

Чешка за првпат беше домаќин на Европското првенство за јуниори и помлади сениори во кајак, кое се одржа од 09-14 овој месец со учество на 300 натпреварувачи од 24 земји.

Вештачката стаза на реката Влтава, изградена 1980 година, со помош на природните меандри е прилагодена за стаза за слалом, на која настапија четворица претставници од Македонија.

Најдобро остварување имаше 18 годишниот Ангел Петрушев од Кајак клуб „Вардар” од Велес, кој во конкуренција на 51 натпреварувач го освои одличното четврто место во дисциплината К-1 слалом.

Само 90 стоти делови од секундата го делеа од медал, но Петрушев не запира тука.

По тој повод, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски организираше прием за големиот талент во кајак слалом, кој на скоро одржаниот меѓународен турнир во Краљево-Србија, во својата категорија го зазема првото место со убедливо најдобро време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот