Фото: Unsplash

Петок е ден за пица – и тоа овошна

Доколку сте љубител на овошни десерти, а сакате да се почестите овој петок со интересен и здрав десерт оваа овошна пица е одличен избор.

Состојки:

– тесто за голема пица
– 120 грама крем-сирење
– 35 грама шеќер
– една мала лажица екстракт од ванила
– една мала лажица кора од портокал
– една голема банана исечкана на мали парчиња
– 10 големи јагоди исечкани на мали парчиња
– 250 грама боровинки
– 25 грама исечкани бадеми или ф’стаци
– 20 грама кокос
– 60 грама темно чоколадо, исечкано на мали парчиња

Подготовка:

Ставете го тестото за пица да се пече во рерна додека добие златна боја, а потоа извадете го и оставете го настрана. Во сад измешајте ги крем сирењето, шеќерот, кората од портокал и екстрактот од ванила додека добро да се соединат. Потоа смесата намачкајте ја на тестото, па врз нив наредети ги бананите, јагодите, боровинките. Потоа испрскајте со кокос и бадеми или ф’стаци, па ставете ја пицата да се пече така уште три минути. Во сад на оган растопете го чоколадото. Послужете го секое парче овошна пица испрскана со малку растопено чоколадо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот