Петковски: Разбиен дуополот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, успехот на Левица е лекција дека нешто треба да се промени во изборниот модел (ВИДЕО)

Ова е идеален момент ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека се реформира. Колку ова ќе значи прекинување на традицијата на Груевски, не сум убеден. Цело време да се игра на седење на две столици не им носи резултат и можеби ова е најава дека ќе се откажат од наследството што им го остави Груевски, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ граѓанскиот активист и доскорешен извршен директор на Центарот за Европски стратегии – Евротинк, Љупчо Петковски во врска со вчерашните најавени реформи после ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Две работи ми оставија впечаток после изборите. Едната е успехот на Левица кој веројатно беше очекуван. Левица е една мала популистичка партија која преку социјалните мрежи успеа да се протне покажувајќи дека е единствена која може да пркоси на естаблишментот, вели Петковски.

-Стравот од раст на било какви политички движења што излегуваат од тесните граници на политичкиот центар наликува на европски тренд. Овој страв ме потсетува на најразвиените западноевропски трендови. Јас имам чувство дека Левица има потенцијал за раст, но вистинското прашање е зошто луѓето се идентификуваат со вакви партии. Мојот став дека кабаетот е кај големите партии, односно дека не испорачуваат она што го ветуваат. Третата најбитна работа е што со овој успех се разби она табу дека може да се пробие оној дуопол на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Затоа успехот на оваа партија треба да е лекција дека нешто треба да се промени во изборниот модел, изјави Петковски.

Говорејќи за пост-изборните комбинаторики, Петковски смета дека тешко е да се претпостави кој и како ќе коалицира. Се уште никој не знае. Се оди од формирање на Влада со ДУИ, до отцепување на пратеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!