
Пет работи што најсреќните парови ги прават за време на викендот
Во деновите кога 24 часа изгледаат како премалку, помеѓу работа, обврски и обидот да се украде малку време за себе, лесно е да помине целиот ден без да му се посвети вистинско внимание на партнерот. Но, добрата вест е дека поврзувањето не бара повеќе време, туку повеќе намера.
Препорачано
Психологот Марк Траверс, кој истражува врски и самиот е во брак, за порталот Си-ен-би-си истакнува дека малите ритуали можат да направат огромна разлика. И додека некој би помислил дека паровите ја „чуваат“ блискоста за викендите, најсреќните врски функционираат спротивно – тие ја негуваат секој ден, а за време на викендот ја продлабочуваат.
Еве што прават најсреќните парови:
1. Имаат своја утринска мини-рутина
Иако утрата се хаотични, аларми, деца, трчање низ врата, среќните парови издвојуваат барем пет минути за себе. Тоа може да биде заедничко пиење кафе, кратко мажење или дури и правење на креветот заедно. Не е важно како – важно е да постои ритуал.
2. Си испраќаат внимателни пораки во текот на денот
Не мора да бидат долги разговори. Доволен е краток коментар, мисла, мим или порака „мислам на тебе“. Овие мали гестови помагаат да се одржи чувството на поврзаност и да се знае дека партнерот е во мислите.
3. Обезбедуваат време само за себе
По работниот ден секој има свој стрес. Наместо да се префрли врз партнерот, најсреќните парови земаат неколку минути за себе – да прошетаат, да гледаат серија или да јадат во тишина. Така „освежени“ влегуваат во заедничкото време со повеќе трпение.
4. Имаат свој дневен „момент само за нив“
Без телефони и без мултитаскинг. Тоа може да биде вечера, игра, квиз или нешто друго – но тоа е нивното време и го штитат како важна обврска. Не е битно колку трае, туку дека се случува секојдневно.
5. Го завршуваат денот со мал разговор
Кратко и искрено прашање „Како си навистина?“ или „Дали сме добро?“. Овие разговори се едноставни, но спречуваат недоразбирања и натрупување на ситни проблеми. Тоа е време и за извинување, благодарност или мисли што не успеале претходно да ги споделат.