
Пет работи кои прво ги забележуваат мажите кај жените во кревет, одговорите ќе ве изненадат
Кога зборуваме за секс има нешто што секогаш ги возбудува дамите, особено со нов партнер – што забележуваат мажите во кревет? За двата пола, сексот е искуство доживеано низ различни призми. И покрај сличните чувства, очекувања и емоции, ние се разликуваме и по тоа што забележуваме, а што не, додека водиме љубов.
Препорачано
Иницијатива
За мажите ништо не е посекси од жена која се чувствува добро во својата кожа. Онаа претерана слобода која ја прави да дејствува без инхибиции. Претставниците на посилниот пол обожаваат кога жената е возбудена и подготвена да преземе иницијатива.
Нови предлози за сексуални игри и пози, романтични изненадувања, сè во можност да ja зголемат страста кај нив. Мажите сакаат жени кои знаат што сакаат во кревет, како и надвор од него.
Движења
Гестовите се едно од најмоќните оружја кои секоја жена треба да научи да ги користи. Започнувајќи од одот, начинот на кој таа ја зафрла косата, па сè до возбудливите движења во текот на сексот.
Убавото голо женско тело секогаш ги возбудува мажите. Но, кога таа слика е придружена со разновидни, заводливи и сензуални движења, тогаш вие им давате сè што им е треба во спалната соба. Па не заборавајте да ги галите облините, да се смеете, да ја го милувате партнерот. Маѓепсајте го со љубов!
Поглед
Погледот е првото нешто што го забележуваме кај друга личност. Можеме да кажеме многу само со очи. Во текот на сексот една жена може да покаже што чувствува само гледајќи го партнерот. Мажите обрнуваат внимание на тоа и дефинитивно ги возбудува повеќе.
Зачувувањето на контактот со очите во текот на сексот е едно од најголемите задоволства за претставниците на посилниот пол. Така и двајцата ја зголемуваат самодовербата, а исто така, е еден од најдобрите начини да ги направите атмосферата и доживувањето навистина незаборавни.
Звук
Женските воздишки во текот на сексот може да го зголемат сексуалниот набој и енергија, но и да ги насочат мажите кон она што ѝ се допаѓа на партнерката, ако кулминацијата е близу.
Сексуалните воздишки подразбираат дека на дамата ѝ е пријатно, што дополнително ги возбудува мажите и ги тера да бидат уште поинвентивни во креветот.
Вашата посветеност
Посветеноста во сексот е повеќе од пројавување иницијатива. Секој маж сака да се чувствува како цар во спалната соба, што несомнено води до многу поголемо задоволство и за двајцата партнери. Посветеноста е бавното темпо, стимулирањето на повеќе ерогени зони, сензуалните масажи, нежните зборови, страсните бакнежи, специјално приготвените афродизијаци.