Фото: Инстаграм

Пени од „Бубалици“ неколку месеци по разводот повторно вљубена

Актерката Кајли Куоко, најпозната по улогата во ситкомот „Бубалици“, е во врска со актерот Том Пелфри.

Веста за врската парот ја потврди на социјалните мрежи. Куоко објави нивна заедничка фотографија на која Пелфри и дава бакнеж на актерката во образ.

„Мојот живот во последно време. Сонцето пробива низ облаците, златните зраци продираат во моите очи и срце, жолтите зраци го разбиваат сивилото“, напиша актерката на Инстаграм.

Фото: Инстаграм

Заедничките фотографии на социјалните мрежи ги објави и Пелфри, на многумина познат по улогата во хит серијата „Озарк“.

Инаку, Кајли во септември минатата година објави дека се разведува од Карл Кук по три години брак. Во едно неодамнешно интервју за списанието „Glamour“, таа рече дека е подготвена за нова љубов во нејзиниот живот, но дека не планира повторно да се омажи .

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Pelphrey (@tommypelphrey)

„Никогаш повеќе нема да се омажам. Би сакала да имам долгорочна врска или партнерство. Но, никогаш повеќе нема да се омажам. Апсолутно не. Тоа буквално можете да го ставите на насловна”, изјави Кајли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот