ВИДЕО | Пендаровски: Војната во Украина долго ќе трае, кризата ќе ја чувствуваме и ние

Стево Пендаровски претседател на РС Македонија / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Според сите проценки на НАТО, нема никакви позадински преговори, а камо ли сериозни политички преговори меѓу Русија и Украина. Русија ги држи сите пристаништа, па храната од Украина не може да се извезува. Премиерот на Израел Нефтали Бенет посредуваше да не се прави блокада на извозот на храна од Украина оти тоа е од суштинско значење во светски рамки.

– Никој не предвидува дека за две-три недели ќе заврши војната. Таа ќе трае со поголем или помал интензитет. Деновиве Русија напаѓа 40 украински градови. Нивната намера е да го освојат Донбас, но не во овие граници што ние ги знаеме туку пошироко. Донбас е вон контрола на Киев 7-8 години, но ако сакате да го споите Донбас со Крим тоа нема да биде можно без Одеса. Оттука, очекувано е Путин да тргне на Одеса, но тоа ќе биде катастрофално, вели претседателот Стево Пендаровски во денешното гостување во Утрински брифинг на Слободен печат.

Контекстот на европските реакции сѐ уште се унисони, но постепено почнуваат да се разликуваат по одредени точки.

– Во однос на ЕУ, ние се придруживме кон сите пет пакети санкции против Русија. Ние сме подготвени да го поддржиме и шестиот пакет санкции чијашто содржина е веќе позната. Но, неколку европски држави се силно против оти се силно зависни од руските енергенси. Тие Европејци имаат сериозен проблем и мора да ги заштитат своите граѓани, но не се про-кремљовски настроени. Ние сме земја со лимитирани ресурси и ќе ја чувствуваме кризата заедно со другите европски земји, вели Пендаровски.

Проследете го целиот разговор во видеото:

ВИДЕО | Пендаровски: По 20 години зборување за ЕУ и НАТО, со кој образ ќе излеземе пред граѓаните да им кажеме дека во игра е нова европска иницијатива?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот