Пендаровски се сретна со претставници на Сојузот на здруженија на дијабетичари

Фото: Кабинет на Претседател на РСМ

Претседателот Стево Пендаровски денеска, во пресрет на Светскиот ден за борба против дијабетесот – 14 ноември, прими претставници од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија (СЗДСМ).

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, стана збор за тековните активности на 25-те здруженија кои ги обединува Сојузот, а кои се насочени кон подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес. Претставниците на Сојузот потенцираа дека изминативе месеци се соочуваат со недостиг на ленти и на апарати за мерење на шеќерот во крвта, како и недостиг на анти – дијабетна терапија. Истовремено, посочија дека е неопходно во целост да се смени начинот на набавка на инсулин и да се напушти системот на тендерски постапки.

Фото: Кабинет на Претседател на РСМ

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за нивното барање да се воведе референтна цена за набавка на глукомери и ленти за мерење на шеќер, како и да им се рефундираат трошоците за новата анти-дијабетна терапија.

Посочувајќи дека од година в година бројот на заболени од дијабетес во земјава континуирано расте, претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари истакнаа дека е неопходна и соодветна едукација и подигнување на јавната свест, бидејќи како последица на нерегулиран шеќер во крвта, зголемен е, рекоа, бројот и на мозочни удари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот