Пендаровски: Мојата опција е европски просперитет, не враќање во балканската кал

Заради нашата подобра иднина, очекувам масовно гласање уште на 24-ти зашто тој резултат ќе ни каже кој ќе биде победникот и на 8 мај, рече кандидатот за втор претседателски мандат Стево Пендаровски на вечерашниот митинг во Прилеп.

Порача дека ќе бидеме и членка на ЕУ и „може да бидеме како Словенија но ни треба слога“ и „само ако не се глодаме меѓу себе“ ќе имаме стандард, високи плати и мала невработеност, што ќе ги спречи младите да се иселуваат зашто и овде ќе имаат достоинствен живот.

Ако Македонија во догледно време не стане членка на ЕУ, рече тој, сами не ќе можеме да го спречиме во поголем процент иселувањето.

„Затоа е императивно на достоинствен начин да влеземе во ЕУ. Не треба да ни се одземе кои сме и што сме, јазикот и идентитетот ни се гарантирани…Опцијата за која се застапувам и за која живеам не може да не врати повторно во балканската кал, туку во просперитетна европска средина. Затоа заокружете 1, Македонија не смее да се враќа назад, туку да оди само напред, истакна Пендаровски.

Според него, ова нема да бидат историски избори бидејќи „нема дилема зашто се е јасно со бела и црна понуда“, но, како што рече, „постои опасност од главната опозициска партија која нуди враќање назад“.

„Ниеден договор не им чини. По 23 години од Рамковниот договор сакаат и него да го менуваат. Сакаат Преспанскиот да го вратат зашто им пречи името Северна Македонија. А не им пречи на нивните функционери да земаат плати и да имаат мандати под тоа име. Не им пречи Северна да дојдат на власт, рече Пендаровски, додавајќи дека оваа гарнитура ги отвори преговорите со ЕУ, а од другата страна, рече, се квазипатриоти што сакаат „да се дограбат до власт“, рече Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот