Пендаровски: Курти може да биде политичка поддршка кому сака

Стево Пендаровски и Албин Курти / Фото: МИА

Како што и досега странци истакнувале поддршка за политичари во Македонија, тоа не е проблем да го прави и косовскиот премиер Албин Курти, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски, додавајќи дека партии од Европа и досега давале поддршка на идеолошките блиските партии во Македонија.

– Неговата поддршка на луѓе кои се македонски државјани, не е спорна. Овде не станува збор за странци кои ќе учествуваат на наши избори, бидејќи тоа е недозволено. Сите тие луѓе кои се споменуваат во медиумите како негови луѓе се државјани на Македонија и имаат право да учествуваат на избори. А политичка поддршка, господинот Курти може да биде кому сака, бидејќи тоа со години наназад го прават Партијата на европски социјалисти на оние партии кои тие ги поддржуваат тука и Европската народна партија за десните партии во Македонија, изјави Пендаровски при посетата на Државниот универзитет во Тетово.

Прашан за коментар за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, дека Курти сака да ја победи ДУИ во Македонија, Пендаровски нагласи дека не би сакал да коментира странски државници кои имаат веројатно некоја својата домашна агенда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот