Пендаровски ја продолжи вонредната состојба за 14 дена (ВИДЕО)

Одлучив на прогласам нова вонредна состојба за само 14 дена. Сметам дека толку дена се доволни- рече Пендаровски.

Имавме интересна дискусија на седницата, на која се разговараше за текот на вонредната состојба. Советот заклучи дека институциите работат кооординирано, дека ситуацијата е подобрена, рече претседателот на државата Стево Пендаровски по завршување на седницата на Советот за безбедност.

– Како државата добро се справуваме до кризата, дадоа резултат преземените мерки. Го разгледавме и Извештајот од Владата, за продолжување на повторно продолжување на вонредната состојба. Одлучив на прогласам нова вонредна состојба за само 14 дена. Сметам дека толку дена се доволни- рече Пендаровски.

Причина за ваквата одлука, рече Пендаровски, е потребата од имплементирање на економско-социјалните мерки, за ублажување на последиците од пандемијата кои сега се чувствуваат.

Пендаровски даде свој коментар за Владата и поткупот на гласачите.

– Владата може вонредната состојба да ја користи за поткуп на гласачите, сакам да ви кажам барем на последниов податок кој го изнесов, такви работи со Европската банка не се возможни, тоа се строго наменски средства и ќе одат за поддршкја на стопанството. Тие не може да бидат пренаменети за евентуален поткуп- рече Пендаровски.

На седницата присутни беа техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот