Пендаровски ги прими акредитивните писма на новиот амбасадор на Иран, Али Реза Ирваш

Фото: Кабинет на Претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Али Реза Ирваш, новоименуван амбасадор на Исламска Република Иран во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски оцени дека именувањето на амбасадорот Ирваш претставува потврда за посветеноста на Исламската Република Иран кон развивањето на односите со Македонија,

„Искрено верувам дека нашите две земји располагаат со потенцијали за соработка во повеќе области и се надевам дека во претстојниот период истите ќе бидат соодветно искористени”, рече претседателот Пендаровски.

Амбасадорот Ирваш, од својата страна, оцени дека уште од независноста на Македонија, двете држави се обидуваат да ги унапредат билатералните односи во различни области, врз основа на заемно почитување и споделување на заедничките интереси.

„Постојните потенцијали на двете земји, кои уживаат важни позиции на Балканот и во регионот на Персискиот залив и Блискиот Исток, даваат добра основа за продлабочување на нашата соработка”, рече новоименуваниот ирански амбасадор.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Ирваш му посака успешно извршување на одговорната функција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот