Фото: КК Пелистер

Пелистер се бореше храбро, но загуби од Реџана во квалификациите за Лигата на шампионите

Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер не успеа да се пласира во групната фаза на Лигата на шампионите, откако беше поразен од италијанската Реџана со 99-87 во квалификациите.

Дуелот кој се одигра во бугарскиот град Самоков од самиот почеток беше под контрола на фаворитот Реџана. Италијанскиот тим доминираше во првите две четвртини, создавајќи си висока предност од 58-42, која постојано ја одржуваше до крајот на мечот.

Најдобар стрелец кај Реџана беше Кван Читам Јуниор со 22 поени, додека Џејлин Барфорд додаде 19 поени. Кај Пелистер, Кевин Брејси-Дејвис постигна 20 поени, а Си-Џеј Вилсон придонесе со 19 поени. Андреј Митревски беше најпрецизниот македонски кошаркар со 11 поени.

Иако Пелистер не успеа да се пласира во Лигата на шампионите,  Пелистер продолжува во Европа Купот на ФИБА и ќе биде дел од групата Д, каде сигурни ривали се Керавнос од Кипар и Цедевита Јуниор од Хрватска, а уште еден ривал ќе биде познат по квалификациите за ЛШ, можен е Патриоти Левице од Словачка.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот