ПЕКОЛ ВО ЕВРОПА: Опасноста од мегапожари сериозна и голема закана! (ВИДЕО)
Поради исклучително високи температури ширум Европа овие денови беснеат пожари, а ЕУ ги опишува како „сериозна закана“.
Шумските пожари добиваат на интензитет, посебно во земјите од јужна Европа, како што се Грција, Шпанија, Франција, Италија и Португалија, но и на Скандинавскиот полуостров.
Експерти предупредуваат дека континентот треба да се подготви за мегапожари кои ќе достигнат, ново, масивно ниво.
Помеѓу 2000 и 2017 година, во пожарите, во земјите членки на ЕУ страдааа 611 пожарникари и цивили, а економската штета е проценета на повеќе од 54 милијарди евра.
Овие екстремни мегапожари, од кои сега Европа стравува, се карактеризираат со брзо ширење и поинтензивен оган.
Од друга страна, во Португалија, веќе над 1.000 пожарникари се на терен и се во тридневна акција, во која и натаму не можат да се справат со силниот оган.