Педофил бил жив запален од граѓани во Мексико

Обвинителството предупреди дека нема да дозволи граѓаните да ја земаат правдата во свои раце и ќе покрене истрага за линчувањето.

Маж обвинет дека силувал и убил шестгодишно девојче бил жив запален во местото Какахоатан во јужниот дел на Мексико, соопштија властите во сојузната држава Чиапас.

Група граѓани го фатиле Алфред Роблеро и го обвиниле за силување и убиство на дете, чие исчезнување е пријавено вчера од страна на семејството. Обвинителството соопшти дека Роблеро е претепан, врзан за дрвена конструкција. полиен со бензин и потоа запален. Полицијата не успеала да му го спаси животот.

Обвинителството предупреди дека нема да дозволи граѓаните да ја земаат правдата во свои раце и ќе покрене истрага за линчувањето.

Мексико е земја се најголем број извршени кривични дела во светот. Од декември 2006 година, кога почна офанзивата на федералните власти против нарко картелите, регистрирани се повеќе од 250.000 убиства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот