Пецас: Со новата американска администрација очекуваме да соработуваме за стабилност и мир во регионот

Очекуваме заедно да работиме на зајакнување на билатералните врски на пријателство и на соработката за мир и стабилност во регионот со целосно почитување на меѓународното право и морското право, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на новата американска администрација, јави дописничката на МИА од Атина.

Пецас коментираше дека светските медиуми споменуваат дека Турција не му честитала на Бајден и додаде дека „ова кажува нешто за стрес во соседната земја”.

-Но ние, не го разгледуваме стресот на одредени, туку ги разгледуваме стабилните добрососедски односи, со почитување на меѓународното и морското право кои треба да ги регулираат односите на Грција со Турција. Ако новата американска  администрација под претседателот Бајден, придонесе за ова, на решителен начин, ќе биде позитивен чекор кон стабилност во целиот Источен Медитеран, рече Пецас

За вчерашниот телефонскиот разговор меѓу шефовите на грчката и турската дипломатија Никос Дендиас и Мевлут Чавушоглу, владиниот портпарол изрази надеж дека од Анкара ќе има искрено расположение да го остави настрана „провокативното однесување”, за да се отвори простор за почеток на прелиминарните контакти, повторувајќи дека „со нелегални Навтекс во сила и со Оруч Рејс во регионот, не може да се одржат прелиминарни контакти”.

Додека пак во однос на тоа колку е веројатна средба на двајцата министри за надворешни работи, Пецас објасни дека тоа ќе се покаже во следните денови и седмици.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот