Фото: pexels-efrem-efre

Патничка тужи авиокомпанија за 10 милиони долари откако стјуардесата ѝ истурила врело кафе врз неа

Лет помеѓу Копенхаген и Осло од минатиот април би можел скапо да ја чини една скандинавска авиокомпанија.

Имено, патничка поднела тужба против авиокомпанијата САС, тврдејќи дека за време на летот се здобила со тешки изгореници откако врз неа било истурено екстремно топло кафе, кое, според неа, невнимателно ѝ го послужил член на кабинскиот екипаж, пишува „Пипл“.

Според нејзиниот адвокат, Џонатан Ц. Рајтер, инцидентот се случил додека персоналот служел пијалоци, при што „екстремно топлото“ кафе завршило на кожата на неговата клиентка, предизвикувајќи сериозни повреди.

Адвокатот наведува дека неговиот клиент претрпел тешки изгореници, интензивна болка, емоционален стрес, намален квалитет на живот, трајни лузни и физичко обезличување, како и значителна лична и финансиска штета.

Вкупниот износ на надоместокот побаран од авиокомпанијата е околу 100 милиони норвешки круни (околу 10 милиони долари), додека сопругот на повредената патничка дополнително бара околу еден милион евра за претрпената траума и нарушувањето на неговиот семеен живот.

„Нема сомнение дека послужувањето претерано топли пијалоци на патниците претставува предвидлив ризик за време на летот“, изјави адвокатот Рајтер во соопштение за медиумите, кое го објавија бројни американски медиуми.

САС во Норвешка потврдува дека судските постапки се во тек. Портпаролот на компанијата, Естејн Шмит, за норвешкиот портал „Сол“ изјави дека, со оглед на природата на постапката, тие во моментов не се во можност да дадат дополнителни коментари.

Случајот привлече внимание од јавноста, а мислењата на експертите се поделени. Сепак, некои истакнуваат дека тужбата носи елементи на правна култура специфична за Соединетите Американски Држави.

„Ова барање за отштета звучи малку американско. Не се сеќавам на слични случаи против скандинавските авиокомпании кои имале успешен исход за тужителите“, рече Ханс Јирген Елнес, експерт за авијација и аналитичар за летови.

Додека јавноста и професијата го следат исходот од процесот, се поставува прашањето: колку се подготвени авиокомпаниите да ги редефинираат своите процедури за услуги со цел да го намалат правниот ризик и да обезбедат поголема безбедност на патниците за време на летовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот