Партизан ја исполни желбата на Обрадовиќ, бразилскиот центар потпиша за „црно-белите“

Фото: EPA-EFE/MAST IRHAM

Кошаркарскиот клуб на Партизан го потврди доаѓањето на бразилскиот крилен центар, Бруно Кабокло.

Поранешниот играч на Венеција кој пред Мундобаскетот потпиша договор, но потоа го раскина во претходниот период се обиде да се избори и за место во НБА лигата, но во тоа не успеа.

Кога му пропадна шансата за НБА се насочи кон Европа, а сега шанса му дава Партизан кој подолго време ја следеше неговата ситуација и настапите.

Кабокло би требало да донесе цврстина во одбраната на Партизан, меѓутоа и да поентира на спротивната страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот