Партизан и Звезда добија покани за учество во Евролигата

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Tрета година во низа Евролигата испрати покана до српските гиганти, Партизан и Црвена Звезда, меѓутоа за да учествуваат ќе треба да платат по еден милион евра.

Очекувањата според српските медиуми се двата белградски гиганти да ја платата сумата и одново да бидат дел од друштвото на најдобрите екипи во Европа.

Од сумата од еден милион, 750.000 евра се за специјалната покана, додека 250.000 евра се трошоците кон судиите.

Потврдени учесници во Евролигата досега се: Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Олимпијакос, Панатенаикос, Фенербахче, Анадолу Ефес, Асвел, Париз, Монако, Макаби, Жалгирис, Баерн и Милано, а слободни места има за уште четири екипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот