Партијата на Курто Дудуш во коалиција со ДУИ за престојните избори

Фото: Фејсбук

Унијата на ромите, партијата на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, се приклучува кон Европскиот фронт на ДУИ за престојните избори, објави Телевизијата Клан Македонија.

Инаку, пред неколку дена, партијата Народно движење предводена од Скендер Реџепи Зејди потпиша коалициски договор со ДУИ и Али Ахмети.

Исто така, денеска беше објавено дека утре на Европскиот фронт ќе му се приклучат и ДПА на Мендух Тачи и Европската демократска партија, предводена од Аријанит Хоџа, преку потпишување на коалициски договор во Тетово со почеток во 12:00 часот во Домот на културата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот