
„Паркови и зеленило“ ја демантира Општина Карпош: Дрвото кое падна врз дете не беше обележано за сечење
ЈП „Паркови и зеленило“ ги демантира наводите на Општина Карпош дека дрвото од кое денеска падна гранка и тешко повреди дете во населбата Карпош 3, било обележано за сечење.
Препорачано
Оттаму велат дека до нив не пристигнало никакво барање, ниту пак има издадено решение за сечење.
„По барањата на странките за интервенција врз дрвјата редовно се постапува. Во досегашното работење на сите барања на Општина Карпош е одговорено. Во член 29 став 2 во Законот за урбано зеленило стои дека врз основа на поднесеното барање, општината е должна во рок од седум дена да донесат решение со кое ќе ја утврдат потребата за сечење, односно кастрење на оштетеното дрво, и на видливо место се обележува дека дрвото е за сечење или кастрење со црвена боја на височина од 130 сантиметри (сечење: „С“ или кастрење: „К“). Во случајот е евидентно дека дрвото не е обележано со никаков знак како што е утврдено во Законот за урбано зеленило“, велат од „Паркови и зеленило“.
Сметаат дека надлежните од општината го злоупотребиле овој немил настан од причина што доколку се работи за подрачје на нивна општина за кое требало да поднесат барање.
„Паркови и зеленило“ изрази жалење за случајот.
Детето беше повредено во Карпош, кога се откорна голема гранка од дрво. Општина Карпош претходно побара Министерството за внатрешни работи да го документира овој настан, да се утврди одговорноста и да се сносат правни последици.
Се отстрануваат паднатите дрвја од невремето во Скопје, расчистена и улица Белградска