Париз забрани изнајмување електрични тротинети

Електрични тротинети/ Фото EPA-EFE/YOAN VALAT

Парижаните гласаа за забрана за изнајмување електрични тротинети во нивниот град, нанесувајќи им удар на операторите на тротинети и триумф на борците за безбедност на патиштата. Речиси 90% од гласовите дадени во неделата се за забрана на уредите на батерии, покажаа официјалните резултати, пренесува „Би-Би-Си“.

Но, под само 8% од оние со право на глас излегоа да гласаат. Референдумот беше распишан како одговор на зголемениот број повредени и убиени на електрични тротинети во француската престолнина. Од 1,38 милиони луѓе во избирачкиот список на градот, според официјалните бројки, учествувале нешто повеќе од 103.000. Од нив, над 91.300 гласаа против тротинетите.

Париз беше еден од првите градови што ги усвои електричните возила – но критичарите тврдат дека тие предизвикуваат повеќе штета отколку корист. Постоеше зголемена загриженост за начинот на кој некои луѓе ги возат тротинетите – пробивајќи низ сообраќајот, избегнувајќи ги пешаците на тротоарите и достигнувајќи брзина од 27 км/ч.

Возачите често не носат кациги, а децата на 12 години можеле легално да ги изнајмат вакви направи. Постојат критики дека групи паркирани електричните тротинети ги пренатрупуваат тротоарите.

Во 2021 година, 31-годишна Италијанка била убиена откако во неа удрил електричен тротинет во кој имаше две лица. Таа паднала и ја удрила главата на тротоарот, при што доживеала срцев удар. Но, возачите на ваквите тротинети тврдат дека нивните направи сочинуваат мал дел од вкупните сообраќајни несреќи во градот.

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго го распиша референдумот, на кој гласачите можеа да кажат дали се за или против електричните тротинети. Возилата во приватна сопственост не беа дел од гласањето.

Водачот на социјалистите што се залага за велосипедизам ја поддржа забраната и го најави гласањето во јануари за да му дозволи на народот да одлучува.

„Јас сум посветена на почитување на изборот на гласачите, чисто и едноставно. Многу е скапо – пет евра (4,40 фунти; 5,40 долари) за 10 минути – не е многу одржлив, а пред сè, тоа е причина за многу несреќи“, им рече таа на новинарите додека го даде својот глас.

Плашејќи се дека нивните главно млади клиенти нема да излезат да гласаат, трите главни оператори – „Лајм“, „Дот“ и „Тајер“ – ги користеа социјалните мрежи за да ги повикаат луѓето да гласаат во нивна корист. Тие нудеа и бесплатни возења.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот