Папата ја поздрави работата на младите климатски активисти

Папата Франциск / Фото EPA-EFE/VATICAN MEDIA

Папата Франциск денеска ги пофали младите активисти за климата за нивните напори во борбата против климатските промени и ги охрабри да ја продолжат својата работа „за доброто на човештвото”, пренесува Ватикан Њуз.

Илјадници млади луѓе од речиси 190 земји се собраа во Милано оваа недела на собирот „Youth4Climate” за да разговараат за предлозите за борба против климатските промени.

„Се вели дека вие сте иднината, но во овие прашања вие сте сегашноста, вие сте тие што ја создавате иднината, во сегашноста“ рече папата во видеопорака.

Папата Франциск силно ги поддржува целите на Парискиот договор за климата од 2015 година и ќе присуствува на глобалниот самит за климата во Глазгов во ноември, доколку тоа му го дозволи здравствената состојба.

Откако стана папа, тој постојано ги повикува владите да преземат драстични мерки за борба против глобалното затоплување и намалување на употребата на фосилни горива.

Во 2015 година, тој напиша енциклика за потребата од заштита на животната средина, ограничување на расипничкиот начин на живот, спречување на глобалното затоплување и заштита на сиромашните од последиците од климатските промени.

„Време е да донесеме мудри одлуки за да го искористиме големото искуство стекнато во последниве години и да овозможиме култура на грижа, култура на одговорно споделување. Мора да постои хармонија меѓу луѓето, мажите и жените и околината. Ние не сме непријатели: ние не сме рамнодушни. Ние сме дел од космичката хармонија“, истакна папата Франциск.

ВИДЕО: Грета ги исмеа светските лидери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот