Папата Франциск присуствува на Велигденското бдение

Папа Франциск
epa11252043 Pope Francis presides over a Holy Mass to Easter Vigil in the Holy Night of Easter at Saint Peter's Basilica in Vatican City, 30 March 2024. EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Папата Франциск денеска учествува на Велигденското бдение во Ватикан, откако вчера, во последен момент, го откажа учеството во поворката на Велики петок во Римскиот Колосеум, пренесува МИА.

Ватикан ја посочи вечерната миса во базиликата Свети Петар како денешниот единствен јавен ангажман на папата Франциск.

Учеството на папата во поворката „Патот на крстот“ вчера беше откажано „за да се зачува неговото здравје“ пред другите настани на Светата недела, објави претходно Ватикан.

Папата Франциск, кој има 87 години, користи инвалидска количка или бастун за да се движи и неодамна го ограничи своето јавно говорење додека се бореше со бронхитис и грип.

Како што е предвидено, утре, на денот на Велигден според Грегоријанскиот календар, папата треба да ја предводи мисата и од централниот балкон на плоштадот Свети Петар да ја пренесе својата традиционална порака до „градот и до светот“ (Urbi et Orbi), со благослов за верниците.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот