Паничен напад / Фото: Pexels

Паничен напад во пет часот наутро? Не е случајност!

Ненадејното будење помеѓу 4 и 6 часот наутро, со силно чукање на срцето, чувство на задушување, потење и интензивен страв, сето тоа без очигледна причина, може да укажува на ран утрински паничен напад.

Често останува непрепознаен, но станува збор за сериозен клинички феномен што може да биде прв показател за анксиозно нарушување.

Експертите од областа на психијатријата објаснуваат дека ваквите напади произлегуваат од фазата РЕМ на сонот, без претходна свесна мисла или стрес, што ги прави особено збунувачки и застрашувачки. Кај повеќето пациенти, овие напади претходат на развојот на хронична анксиозност или панично нарушување.

„Станува збор за невробиолошки одговор на телото, каде што има наглото ослободување на хормони на стрес како што е кортизолот, што предизвикува верижна реакција на страв“, нагласил д-р Џадсон Бруер, невронаучник и психијатар од Универзитетот Браун, кој со години проучува како стресот и анксиозноста влијаат на мозокот.

Најчестите предизвикувачи вклучуваат хроничен стрес, потиснати емоции, нарушување на циркадијалниот ритам и генетска предиспозиција. Во терапевтскиот пристап се користи психотерапија (особено когнитивно-бихевиорална терапија), техники на релаксација и, ако е потребно, фармаколошка интервенција.

Раното препознавање и навремената стручна помош се од клучно значење за превенција на потешки форми на анксиозни нарушувања.

Ако паничните напади се појавуваат често, водете дневник на симптоми и обратете се кај психијатар или психолог. Раната интервенција значи подобар исход. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот