Панел дискусија за борба против трговија со луѓе во Северна Македонија

Трговија со луѓе/ Фото: МИА

„Борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија – Превенција, Гонење, Заштита и Партнерства” е темата на денешната панел дискусија на која владини претставници и национални и меѓународни партнери ќе споделат информации за борбата против трговијата со луѓе во земјава.

На настанот, кој е организиран од Амбасадите на Шведска и Франција и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, националните и меѓународните партнери ќе имаат можност да дискутираат за моменталната состојба и достигнувањата, за предизвиците, да предложат препораки и да ја потврдат и зајакнат соработката во нивните напори да ја потиснат и искоренат трговијата со луѓе.

Според организаторите, главни говорници на настанот ќе бидат специјалниот амбасадор за борба против трговијата со луѓе во шведското Министерство за надворешни работи Ана Екстед, амбасадорот за борба против транснационалните криминални закани во француското Министерство за Европа и надворешни работи Жан-Клод Бруне, заменик-шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Џеф Голдштајн и заменик националниотр координатор на Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција Светлана Влаховиќ-Димановска.

На панел дискусијата ќе учествуваат и претставниците на ИОМ, Националниот центар за жртви на трговија со луѓе и сексуално насилство – Отворена порта/Ла Страда, Македонското здружение на млади правници-МЗМП, како и Националната комисија и Јавното обвинителство.

Трговијата со луѓе е глобален проблем и еден од најсрамните злосторства во светот, кој влијае на животите на милиони жени, мажи и деца ширум светот, ги искористува и им го одзема достоинството. За борба против овој ужасен феномен потребни се координирани и заеднички акции, односно партнерства во сите области на интервенција: превенција, заштита и гонење.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот