Пандемијата на Ковид-19 го зголемува загадувањето со пластичен отпад

Според истражувањата, во просек околу осум милиони тони пластичен отпад годишно завршува во океаните, а состојбата постојано се влошува.

Пандемијата на коронавирусот доведе до зголемено производство и употреба на заштитна опрема направена од пластика, како што се маски, ракавици, заштитни одела и друга опрема, но активистите за животна средина сметаат дека тоа би можело да ги спречи нивните напори за намалување на загадувањето од пластичниот отпад.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, проблемот со загадувањето со пластичен отпад зазема сè поголема улога во најголемата здравствена криза во современиот период, како резултат на зголеменото производство и употреба на пластично-заштитна опрема.

Според истражувањата, во просек околу осум милиони тони пластичен отпад годишно завршува во океаните, а состојбата постојано се влошува.

Активистите посочуваат дека треба да се направат некои промени, како што е дезинфекција на заштитната опрема, но додаваат дека тоа се прави поради тоа што нема доволно, а не заради спречување на загадувањето.

Тие изразуваат надеж дека наскоро ќе дојде до повеќекратна употреба на заштитната опрема, бидејќи има можност таа да се дезинфицира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот