Пакистан: Напаѓачи киднапираа автобус, има и мртви

Вооружени напаѓачи утрово убија 14 лица во патнички автобус во провинцијата Балуџистан, во југозападен Пакистан.

Преживеаните ѝ кажале на полицијата дека напаѓачите селективно ги убивале патниците откако ќе го утврдиле нивниот идентитет. Меѓутоа, не е познато, по која идентификациска основа биле ликвидирани патниците.

Во Балуџистан активни се сепаратистите, кои главно напаѓаат луѓе од друга националност, како и исламистичките екстремисти чија цел главно се малцинските шиити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот