„Падна“ џепчија од Скопје

Profimedia
Фото: Профимедиа

Вчера во 13.20 часот на улицата „Стале Попов” во Скопје, полицајци го уапсиле С.С. (54) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 13 часот на автобуска постојка на булеварот „Кузман Јосифовски Питу” искористил гужва при влегување во автобус и од чанта на оштетена жена одзел паричник со пари и лични документи.

Тој бил приведен во полициската станица Центар и во службен разговор го признал делото. Кај него биле пронајдени одземените предмети кои биле вратени на сопственичката. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот