Пад од 47 места за УКИМ според Центарот за рангирање на светски универзитети

УКИМ/ Фото: Архива на Слободен печат

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) забележа пад од 47  места во однос на минатата година, според Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR).

УКИМ се најде на 1.964-то место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за академската 2022/23 година.

За само три години, УКИМ паднал за 148 места на оваа светска ранг листа.

Сепак, УКИМ и годинава е единствениот македонски универзитет кој се најде на листата на CWUR. Според академските перформанси биле рангирани вкупно 19.788 високообразовни институции во целиот свет, од кои издвоени се најдобрите 2.000.

Од земјите од соседството, Србија и годинава на листата има 4 претставници, меѓу кои највисоко рангиран е Белградскиот универзитет кој се најде на 348-то место, исто како и минатата година. Од Бугарија се рангирани два универзитета, од Грција 12. На листата и годинава не се најде ниту една високообразовна установа од Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Трите најдобро рангирани универзитети во светот според листата на CWUR се универзитетите Харвард, МИТ и Стенфорд, сите од САД.

Инаку, оваа листа пред еден месец во македонската јавност беше лажно претставена како Шангајска листа. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција го коментираше падот на најголемиот македонски универзитет на листата на CWUR, притоа тврдејќи дека станува збор за Шангајската листа. Дезинформацијата, без да се провери вистинитоста на изјавата, тогаш ја пренесоа бројни домашни медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот