
Овој вкусен пијалак ги намалува крвниот притисок и холестеролот
Високиот крвен притисок и високиот холестерол се два најчесто дијагностицирани здравствени проблеми кај возрасната популација, а двете состојби значително го зголемуваат ризикот од срцев и мозочен удар.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Промените во исхраната и начинот на живот, како што е намалувањето на внесот на сол и заситени масти, можат да помогнат во регулирањето на овие вредности.
Меѓутоа, експертите сè повеќе укажуваат и на едноставни додатоци во исхраната кои можат да имаат двоен ефект.
Според новите истражувања, сокот од портокал би можел да помогне во намалувањето и на крвниот притисок и на лошиот холестерол.
„Хесперидинот во сокот од портокал го намалува систолниот и притисокот на пулсот, особено по редовно консумирање“, се наведува во студијата, пренесува „Дејли експрес“.
Освен тоа, уште една студија покажа дека консумирањето на сокот во текот на 60 дена може значително да го намали крвниот притисок, а овој ефект се должи на флавоноидите и пектинот.
Кога станува збор за холестеролот, резултатите од истражувањето од 2023 година покажале дека пиењето две чаши сок од портокал дневно значително ги намалува вкупните нивоа на холестерол. Овој ефект е забележан и кај луѓе кои веќе имале зголемени вредности и кај оние со нормални нивоа на холестерол.
Некои истражувања, исто така, покажале дека сокот особено помага во намалувањето на ЛДЛ („лошиот“) холестерол.
Иако станува збор за лесно достапен пијалак, важно е да се земе предвид и дека секоја чаша содржи околу 24 грама шеќер. Затоа експертите предупредуваат дека луѓето со дијабетес или оние кои се обидуваат да ослабат треба да бидат внимателни.
Ако имате зголемен холестерол или крвен притисок, се советува да се консултирате со лекар.