Овој човек доживеа клиничка смрт: Секоја грижа исчезнуваше, како тежината на светот потполно да се крена од моите рамена

Еден корисник на социјалната платформа Реддит го сподели свето искуство и раскажа што му се случило кога доживеал клиничка смрт.

Имено, тој се разболел додека престојувал во странство затоа што држел кетогена диета (без јаглехидрати) која довела до уништување на слузницата на стомакот.

Како резултат на тоа, страдал од мачнини и повраќал се додека не се утврдило дека го довел телото до тешка дехидрација.

Откако завршил во службата за Итна помош во родната Канада, задржан е неколку дена во болница.

Меѓутоа, неговото тело „ги отфрлало инфузиите и хидратацијата, вените му биле проѕирни и не бил свесен дека неговото тело ништо од тоа не прима“.

Болеста со тек на време напредувала, а во еден момент, во текот на лежењето во болница „се му станало црно“.

– Не видов никаква бела светлина или ангели, ниту слушав некакви гласови. Можев да гледам, но немав тело. Имав чувство како да се наоѓам на некоја друга планета. Кога погледнав долу гледав песок и многу плитка вода. Изгледаше како бескраен брег. Водата беше длабока сантиметар или два, а најдобар начин тоа да го опишам е како да одите по сосема плиткиот крај на брегот и тој плиток крај всушност беше бесконечен, како водата да не стануваше подлабока. Кога погледнав горе небото беше пурпурно, немаше сонце. Единствено што го осветлуваше небото беа тоа сини зраци на светлина со жолта боја од страна. Тоа чувство ми беше некако туѓо. Се чувствував како да секој проблем што го имам и го гледам, секој поединечен проблем без оглед на тоа колку е голем или мал, само исчезнуваше. Секоја грижа исчезнуваше. Како тежината на светот потполно да се крена од моите рамена. Едноставно постоев. Чувствував дека се ќе биде во ред и не морав ниту да се грижам за ништо. Мир и спокој. Беше неверојатно.

Сето ова се случуваше додека лекарите се бореа да ми го спасат животот.

– Почувствував пад. Се ми стана црно и само чувствував дека паѓам побрзо и побрзо. Потоа слушнав силно пукање, како целото тело да ми вибрираше. Тогаш почнав повторно да чувствувам. Сите грижи и таги. Се почувствував навистина тажно зошто повторно почувствував болка.

Откако го сподели своето искуство на Реддит, корисникот откри дека не е единствен кој ова го доживеал.

– Прочитав многу слични искуства и многумина го опишуваат чувството како вас. Главно сите гледаат брег и вода, е еден од многуте коментари кои корисниците ги споделиле со него.

Сè уште не е утврдено дали искуството на Канаѓанецот е вистинито или не, но и покрај тоа неговата приказна одекна во светските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот