Фото: PxHere

Овие бои на куфери може да ве чинат стотици евра – избегнувајте ги кога одите на одмор

Авиокомпаниите ги предупредуваат патниците да избегнуваат три клучни бои за куферите на одмор – или ризикуваат да изгубат стотици евра.

Една голема британска авиокомпанија издаде предупредување за Британците кои планираат да патуваат на одмор оваа пролет. Авиокомпанијата откри кои бои на куферот треба да ги избегнувате доколку не сакате некој друг да ви го преземе багажот.

„Рајанер“ предупредува дека купувањето куфери коишто не отскокнуваат од другите ги зголемува шансите вашиот багаж да се изгуби.

Тие наведуваат дека најлоши бои за багаж се црната, тегетот и сивата, бидејќи токму тие бои се најчести кога се во прашање куферите и патните торби. Наместо тоа, авиокомпанијата препорачува купување куфери во впечатливи бои.

„Олеснете си го себеси пронаоѓањето на багажот на подвижната лента, особено ако вашиот куфер е црн, тегет или сив. Додајте шарен приврзок или лента на рачката за да избегнете забуна по пристигнувањето“, пренесува портпаролот на компанијата.

Оваа вест доаѓа откако „Економик тајмс“ објави дека црните куфери се најчесто изгубените меѓу сите бои на багажот, пренесува „Сан“.

Директорот на аеродромот во Франкфурт, Стефан Шулте, им предложил на патниците целосно да ги избегнуваат црните куфери бидејќи „тешко се разликуваат“.

„Многу патници користат црни куфери со точки, што прави нивната идентификација да трае и да одзема многу време“, додал тој.

Изгубениот багаж не е само непријатност поради изгубената облека и важните работи за одмор – тоа може да ве чини стотици фунти, бидејќи враќањето пари преку осигурувањето е често комплицирано.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот