Фото: Pexels

Оваа количина на вино може да го намали ризикот од срцев удар, но мора да се исполни еден услов

Една чаша вино дневно може да го намали ризикот од срцев удар на половина, па понекогаш може да делува подобро од лековите, тврди едно истражување. Но, мора да се исполни еден услов – одредена количина.

Експертите од Универзитетот во Барселона открија дека луѓето кои пијат мали до умерени количини вино имаат помал ризик да развијат сериозни срцеви проблеми од оние кои воопшто не пијат. Но, самоконтролата е клучна, а здравствените придобивки исчезнуваат ако пиете повеќе од една чаша дневно.

Тие ги тестирале ефектите од една чаша вино дневно на 1.232 испитаници во текот на пет години, кои исто така јаделе здрава медитеранска исхрана како дел од студијата. Се покажало дека развиле значително помал ризик од кардиоваскуларни болести, срцев или мозочен удар.

Kористени se тестови за да се утврди точната количина на вино што испитаниците го испиле, со цел студијата да биде што попрецизна.

Професорот Рамон Еструх открил дека пиењето помеѓу половина и една полна чаша вино дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања во просек за 50 отсто во споредба со луѓето кои воопшто не пијат.

Повременото консумирање вино, помалку од една чаша неделно, го намалува ризикот за околу 38 отсто, покажало истото истражување. Меѓутоа, не е развиена заштита кај луѓето кои пиеле повеќе од една чаша дневно.

„Пронајдовме многу поголем заштитен ефект на виното од оној забележан во други студии. Намалувањето на ризикот од 50 отсто е поголемо отколку што може да се постигне со некои лекови, како што се статините. Најновите истражувања покажуваат дека заштитните ефекти од консумирањето вино се забележуваат почнувајќи од 35 до 40 години. Исто така, важно е да се напомене дека умереното консумирање за жените секогаш треба да биде половина од онаа кај мажите, а виното треба да се пие со оброк“, напишал проф. Еструх во „Европско списание за срце“ (European Heart Journal).

Истражувањата покажуваат дека грозјето, од кое се прави виното, е полно со антиоксиданти кои можат да бидат добри за срцето и крвните садови. Затоа црвеното вино обично се смета за најздрав алкохолен пијалак.

Но, британската Национална здравствена служба (НХС) вели дека никој не треба да пие повеќе од шест чаши вино неделно.

„Студијата сугерира дека ниското до умерено консумирање вино може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести, но не е мудро да се пие повеќе. Сосема е јасно и научно докажано дека прекумерното консумирање алкохол е штетно за здравјето на срцето“, вели Трејси Паркер, од Британската фондација за срце.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот