Илустрација за климатизирана просторија / Фото: Sergio Monti / Panthermedia / Profimedia

Оваа грешка во клима-уредите може сериозно да го загрози вашето здравје – и повеќето ја прават секое лето

Со сè потплите денови, многумина од нас користат клима-уреди, како во автомобилите, така и во канцелариите и дома.

Меѓутоа, клима-уредите можат да имаат лошо влијание врз нашето здравје, особено ако не се одржуваат и користат правилно.

Еден од честите здравствени проблеми поврзани со употребата на клима уреди е синузитисот, кој може да биде предизвикан од различни фактори.

Причини и механизам појава на синузитис

Синусите се шуплини во коските на нашиот череп, обложени со слузокожа. Нивната основна функција е да го навлажнуваат, загреваат и прочистуваат воздухот што го вдишуваме. Кога клима-уредот го користиме неправилно или не го сервисираме редовно, тоа може негативно да влијае на слузокожата на синусите.

Ова се некои од факторите што можат да придонесат за развој на синузитис предизвикан од клима-уредот:

– Премногу ниска влажност на воздухот – клима-уредот може да го исуши воздухот, што доведува до исушување на слузокожата на носот и синусите. Сувата злузокожа е поподложна на инфекции.

– Загадување на филтерот – ако филтрите не се чистат и не се менуваат редовно, во нив може да се акумулира прашина, мувла, алергени и бактерии. Овие честички можат да ја иритираат слузокожата и да предизвикаат воспаление.

– Ниска температура – долготрајното изложување на ладен воздух може да го ослабне имунитетот и да ги направи синусите поподложни на инфекции.

Симптоми на синузитис

Симптомите може да варираат по интензитет – од благи до многу изразени. Најчестите симптоми на кои треба да се внимава се:

– Главоболка – обично се јавува во челото, носот, очите или образите, може да биде тапа или пулсирачка.

– Болка во синусите – се чувствува во пределот на образите, носот или челото и се зголемува при наведнување или допирање на лицето.

– Затнат или течење на носоѕ – што го отежнува дишењето.

– Болка во грлото и кашлица – секретите од синусите може да тече по задниот ѕид на грлото и да предизвикаат иритација.

– Општа слабост – замор, малаксаност и болка во мускулите.

– Зголеман телесна температура – ако причината е бактериска инфекција, може да се појави и треска.

Лекување на синузитис

Ако се појават симптоми, важно е брзо да се реагира и да се контактира лекар специјалист – оториноларинголог. Во зависност од причината, сериозноста на симптомите и општата состојба на пациентот, тој ќе препише соодветна терапија. За време на прегледот, лекарот ќе земе анамнеза, ќе ги прегледа носните и усните шуплини и ќе ја процени состојбата на слузокожата

Во случај на бактериска инфекција, може да се препишат антибиотици. Антиинфламаторни и аналгетски лекови како што се користат и за ублажување на болката и отокот. Исплакнувањето на носот со физиолошки раствор и капки за нос може да помогне во одржувањето на хидрираноста на слузокожата и да го олесни дишењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот