
Ова се најголемите разочарувања на мажите во сексот
Без разлика колку мажите понекогаш сакаат да се чувствуваат како да се ѕвезди на сопствен порно филм, обично е сосема спротивно. Еве ги најголемите разочарувања на мажите во сексот.
Препорачано
Секс играчки
Сите секс играчки некако изгледаат како да вршат вистински нокаут на машкоста. Како воопшто можат да се натпреваруваат со поголем вибрирачки и ротирачки силиконски играчки кои имаат повеќекратни брзини?
Предвремена ејакулација
Ова е еден од најголемите стравови на мажите кои често сакаат да го сокријат. Многу е можно за време на сексот да каже дека ова не му се случило досега, но прераната ејакулација постојано се случува и тоа е проблем за многу мажи.
Ова беше тоа?
Не е пожелно жената после секс да праша: „Дали е тоа, тоа?“ Па не сте во кревет со него поради магични трикови.
Непријатност за време на орален секс
Нема ништо помалку секси од вештачка насмевка и плакнење на устата по орален секс на маж. Тие не сакаат да го гледаат тоа, сакаат и вие да уживате.
Кондоми
Тие штитат од несакана бременост и сексуално преносливи болести, но повеќето мажи ги презираат кондомите и не сакаат да имаат секс со нив. Но, сепак го прават тоа.
Секс во тишина
На мажите им треба охрабрување. Сексот без никакви звуци може да биде многу чуден, а мажите го сметаат гласот на девојката како водич за да знаат дали се на вистинскиот пат.
Премногу бучава
Има воздишка од задоволство и лелек што звучи како ранет елен во шумата. Последново не е пожелно.
Не барајте повеќе и повеќе
Не функционира тоа така. Откако мажот ќе постигне оргазам, му треба пауза за повторно да биде подготвен за секс.