Фото: Pexels / Chevanon Photography

Добро е да се знае: Девет најлоши пијалаци за здравјето

Голем број секојдневни пијалаци претставуваат ризик по здравјето и иако сметаме дека некои се здрави и подобра опција од газираните пијалаци, тие се, всушност, варијанти што треба да ги консумираме што е можно помалку.

Енергетски пијалаци и оние за пред вежбање

Некои ги сметаат за добредојдени пред тренинг, но овие пијалаци можат да го зголемат крвниот притисок и нивото на стрес, тврди нутриционистката Кајли Иванир. Освен тоа, можат да го нарушат сонот, бидејќи содржат големи количини на кофеин и други стимуланси.

– Други несакани ефекти од вишокот стимуланси кои се наоѓаат во пијалаците пред тренинг и енергетските пијалаци се главоболки и гадење – вели Иванир.

Освен тоа, содржат и вештачки засладувачи и ароми кои можат негативно да влијаат на здравјето на цревата и мозокот.

Коктели

Можеби се вкусни, но луѓето што ги сакаат овие пијалаци треба да размислат што пијат, бидејќи просечниот сладок коктел не содржи само алкохол, туку и сируп од фруктоза. Ниту една од овие состојки не е добра за црниот дроб.

Црниот дроб е исклучително важен орган бидејќи ги обработува течностите што поминуваат низ телото. Ова ја загрозува способноста на црниот дроб да ги филтрира токсините и ја спречува неговата конверзија на фруктоза во гликоза.

Како резултат на тоа, не можеме да се детоксицираме, а вишокот фруктоза го складираме како маснотии. Ова потоа може да предизвика зголемување на триглицеридите, штетен липид во крвта, што е една од причините за замастен црн дроб.

Газирани пијалаци

Газираните, слатките и зашеќерените безалкохолни пијалаци се исклучително популарни насекаде низ светот, но добро е познато дека прекумерното пиење не е добро за нашиот организам. Просечно шише безалкохолен пијалак содржи 60 грама шеќер.

Се препорачува луѓето да ја намалат количината на шеќер во својата исхрана. Идеалната рамнотежа е шеќерот да сочинува 10 отсто од дневниот внес на калории, вели нутриционистката Ејми Горин.

Алтернатива на засладените газирани пијалаци е газирана вода со лимон или портокал.

Леден чај

– Ледениот чај содржи шеќер колку и газираните пијалаци. Постои поврзаност меѓу оние кои пијат големи количини ладен чај и оние кои развиваат дијабетес тип 2 – вели американскиот нутриционист Џинан Бани.

Сок со адитиви

Експертите велат дека е вообичаено компаниите што произведуваат пијалаци да додаваат разни адитиви во сокот, а со тоа пијалакот добива само дополнителни празни калории.

Пијалаци со вештачки засладувачи

Вештачките засладувачи како аспартам и сукралоза се лоши за микробиомот и здравјето на нашите црева.

– Тие се лоши за нашето целокупно здравје бидејќи цревата играат клучна улога во многу телесни системи како што се имунитетот, хормоните, производството на серотонин и апсорпцијата на хранливи материи – вели нутриционистот.

Пијалаци збогатени со нектар од агава

Агаве сируп е засладувач направен од сок од растението агава. Замената за шеќер станува сè попопуларна во последниве години благодарение на наводните здравствени придобивки во споредба со медот и шеќерот. Меѓутоа, според Кајли, тоа е сируп од пченка со висока фруктоза кој се маскира како здрав алтернативен засладувач.

Производите од агава што се продаваат во супермаркетите обично содржат 80 до 90 отсто фруктоза. Нормално, црниот дроб ја претвора фруктозата во гликоза, но преголемиот внес значи дека се претвора во маснотии. Овој вишок маснотии, вели Кајл, ќе се покаже на стомакот.

Фрапе

Можеби се сè попопуларни, но фрапеата се полни со шеќер и масти.

Ова, истакнува Кајли, е комбинација од шеќер од сируп и заситени масти кои обично доаѓаат од кремот.

И покрај тоа што се вкусни, мастите и шеќерот доведуваат до вишок маснотии поради зголемување на хормонот инсулин. Тие исто така може да доведат до метаболички синдром и отпорност на инсулин.

Ледено кафе

Ледените или замрзнатите кафиња со млеко содржат слично количество шеќер како и газираните.

Засладените пијалаци од кафе се идентификувани како диететски елемент кој има значителен придонес во внесот на додаден шеќер, пишува „мсн“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот