ОВА НЕ Е ФИЛМ: Снаа си ја отрула свекрвата, а потоа се исповедала кај оџа (ФОТО)

Газета Експрес

Обвинителството за тешки злосторства на Албанија побара 35 години затвор за Марјана Цмета, која е обвинета дека ја отрула свекрвата со отров на 30 април 2018 година.

Убиството на Лирије Лами се случило во Камез, Албанија. Марјана Цмета која е на 22-годишна возраст во исповед кај оџата Хисен Шеху раскажа како ја измамила свекрвата која била на 48-годишна возраст за да го испие “магичниот сок“ што всушност бил отровот фостоксин. Оџата ја снимил исповедта.

Во текот на вчерашниот ден Марјана изјавила дека и изгледа како да слуша туѓа историја.

-Ми се чини дека слушам историја од некој друг – изјавила таа кога ја прашаа дали го видела видеото.

-По расправијата, се разделивме и јас отидов во мојата соба, во тоа време слушнав врева дома, но не видов што се случува. Излегов подоцна и видов дека беше легната во нејзиниот кревет, влегов повторно во мојата соба и кога стана часот 12 ми изгледаше малку чудно што уште беше таму. Излегов да ја проверам и видов дека беше на земја покрај креветот – изјавила меѓу другото Цмета.

Таа ги обвинила роднините на поранешниот сопруг Олтјан Лами и оџата како одговорни за состојбата. Во ниту еден момент не призна дека ја отрула свекрвата, но призна дека дента на настанот имала физичка пресметка со неа.

Порталот Албеу потсетува дека злосторството извршено во април 2018 година од Марјана, беше откриено благодарение на Олти, поранешниот сопруг, кој го откри и видеото кое беше снимено од оџата, кај кого бремената жена се исповеда со детали како ја отрула свекрвата.

Иако не живееше со неа, Марјана била убедена дека свекрвата и направила магија и одлучила да ја убие. Станува збор за исповед од 72 минути, видео кое му служеше на обвинителството за да покрене обвинение против невестата.

 

 

Газета Експрес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот