Фото: Wikimedia Commons

ФОТО | Ова е официјално најдоброто сирење во светот за 2025: Долго време доминира на меѓународни натпревари

Швајцарското сирење Le Gruyère AOP Vieux триумфираше на „Светскиот фестивал за сирење“ (Mondial du Fromage 2025), што се одржа во средината на септември во Тур, Франција, собирајќи ги водечките луѓе од индустријата за сирење од целиот свет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Agri Hebdo (@agrihebdo)


Повеќедневниот настан вклучувал саем, дегустации под стручен надзор и натпревар на најдобрите производители на сирење во светот.

– Светот на занаетчиските сирења е како глобално село. Cирењето е одличен учител, а Светскиот фестивал е едно од оние искуства каде што „селото“ се спојува – вели Адам Џеј Московиц, претседател на њујоршкиот Maker to Monger и тренер на американскиот тим, пишува „Храна и вино“ (Food and Wine).

Оваа година, швајцарското Le Gruyère AOP Vieux (Ле Грујер АОП), што го произведува Симон Миге од Fromagerie La Côte-aux-Fées, ја освои титулата „Најдобро на изложбата“ меѓу повеќе од 1.900 примероци.

 


„Ле Грујер АОП“ веќе долго време доминираше на меѓународни натпревари. Пред овогодинешната победа, пет пати беше прогласен за најдобар на натпреварот на Светските награди за сирење од 1992 година и трипати на Светското првенство во натпреварот за сирење.

Фото: Wikimedia Commons

Се произведува од кравјо млеко добиено во строго дефинирана географска област, под надзор на Interprofession du Gruyère – организацијата што управува, следи и го штити производството на сирење Gruyère AOP (Appellation d’Origine Protégée) во Швајцарија.

– Ле Грујер АОП редовно добива повисоки оценки од другите сирења поради ригорозниот систем за оценување што обезбедува минимални технички грешки – рекла Емилија Д’Алберо од компанијата „Форматикум“, која произведува и продава специјални материјали и додатоци за складирање сирење.

„Високиот квалитет на суровините, стручноста на производителите и швајцарската страст за извонредност резултираат со сирење кое е технички совршено, секогаш вкусно, а сепак се разликува од производител до производител.“

„Во зависност од староста, сирењето може да има различни карактеристики, од млечни и кисели ноти, до солени, месни, умами тонови. Тоа е совршено сирење бидејќи е погодно за секое време од денот. Одлично е само по себе, во сендвич или растопено“, рекол Московиц, истакнувајќи ја неговата сестраност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот