
Ова девојче со години одело на сите концерти на Аки, а за неговиот погреб допатувало од Германија
Легендарниот пејач Аки Рахимовски нѐ напушти на 22 јануари. Од омилениот пејач се прости целиот регион, меѓу кои, и бројните обожаватели на Аки, јавни личности и граѓани во Скопје, на плоштадот Македонија.
Препорачано
Пејачот беше испратен на вечно почивање на загрепски Мирогој во Алејата на великаните, во кругот на семејството и пријателите.
Меѓу обожавателите на Аки, секако се издвојува една тинејџерка, родум од Чаковец, Хрватска, а која живее во Германија.
Тринаесет годишната Матеа Крајачиќ е веројатно најголемиот љубител на „Парни ваљак“. Матеа го обожава бендот откако еднаш, како дете, сосема случајно го слушнала во музичката колекција на нејзиниот татко, кој, исто така, е музичар. Еден албум на „Парни ваљак“ посебно ѝ се допаднал на малата Матеа.
– Татко ми ми рече дека тоа е „Парни ваљак“, а јас му реков дека многу ми се допаѓа – рекла Матеа.
Гласот на легендарниот Аки Рахимовски првпат го слушнала кога била во градинка, а потоа, со татка си го следела на концертите. Матеа го запознала Аки кога имала само осум години. Малото девојче го воодушевило Аки на еден концерт, а потоа членовите на бендот покренале потрага по неа на Фејсбук. Веќе на следниот концерт, Матеа била нивна специјална гостинка и продолжила да биде и на секој нареден.
„Заради ова, треба да одиме понатаму и да живееме, заради неа“, рекол тогаш Аки, кога се запознале.
Матеа од својот идол се простила и на Бунарот на животот кај загрепскиот ХНК, а потоа и на Мирогој, каде што Рахимовски беше погребан во Алејата на великаните. Верната обожавателка на Аки ја оставила нивната заедничка фотографија на Бунарот на животот со потпис: „Твојата Матеа…“
Инаку, поради погребот на Аки, Матеа со својот татко допатувала дури од Германија.
– Не верував дека почина и дека нема да го слушнам неговиот глас – рекло девојчето.
Матеа не можела да ја сокрие тагата поради заминувањето на Аки, па се расплакала пред камерите.
– Последен пат го видовме Аки во Вараждин и во Сплит, на два концерта во иста недела. И секогаш беше така – се гледаме. Така се поздравивме и последниот пат. Се гледаме – рекол Жељко Крајачиќ, таткото на Матеа, за РТЛ.