Откриено кога Кејт Мидлтон ќе се појави во јавноста: Никој не сака да ѝ врши притисок

Кејт Мидлтон / Фото:: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Откако се објавија информациите дека 42-годишната Кејт е „возбудена“ поради неодамнешниот извештај на нејзината работна група, се појави збунетост дали и кога таа ќе се врати на работа. Но, извори блиски до принцезата од Велс открија кога таа ќе се врати на работа.

Кенсингтонската палата објави соопштение во кое се истакнува дека вестите за работната група на Кејт „не треба да се гледаат како знак дека принцезата од Велс се враќа на работа“. Се вели дека принцезата, во оваа фаза, ќе се врати на своите ангажмани само кога нејзиниот тим медицински професионалци ќе ѝ дадат „зелено светло“.

Палатата не е единствената која сподели новости за Кејт. Зборувајќи со уредникот на „Дејли мејл“ и кралски експерт Ричард Иден, пријателите блиски до неа велат дека таа „се подобрува“, но веројатно јавноста нема да ја види до есента во Велика Британија.

„Пријателите со кои разговарав во изминатите неколку дена сугерираат дека можеби нема да ја видиме Кетрин повторно до есен – и само тогаш ако таа целосно се опорави“, изјавил Иден.

На друго место, извор беше цитиран како вели „Никој не сака да ѝ врши притисок на Кетрин. Единственото нешто што е важно во моментов е таа да се подобри. Таа оваа година помина низ тешко искушение“.

Да потсетиме, Кејт во март објави дека е на третман откако лекарите ѝ дијагностицираа рак, по нејзината операција на абдоменот во јануари во Лондонската клиника.

Кетрин е пред Вилијам по популарност: Омразениот принц Ендру на последното место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот