Откриени детали од ретката средба лице в лице меѓу Русија и САД

Фото СП колаж/ Профимедиа

Од почетокот на војната во Украина, ретко се одржаа состаноци лице в лице меѓу Русија и САД, но таков се одржа на почетокот на овој месец, кога се сретнаа директорот на американската ЦИА Вилијам Барнс и шефот на руското разузнавање Сергеј Наришкин, јави Ројтерс.

На состанокот на 14 септември, Барнс и Наришкин разговарале за „нуклеарни теми“, потврдиja денеска извори од Кремљ во изјава за новинската агенција РИА.

Русија претходно одби да ја коментира содржината на средбата, додека Америка рече дека Бернс го предупредил рускиот колега за опасноста од употреба на нуклеарно оружје. Елизабет Руд од американската амбасада во Москва за РИА Новости оваа недела изјави дека Барнс „не преговарал ништо“ и „не разговарал за преговори за ставање крај на војната во Украина“.

Наришкин денеска за РИА потврди дека на средбата со шефот на ЦИА најчесто споменуваните зборови биле „стратешка стабилност“, „нуклеарна стабилност“, „Украина“ и „киевски режим“. Тој, исто така, потврди дека Русија и САД имаат комуникациски канал за „менаџирање на ризиците“ и најави можност во иднина повторно да се сретнат со директорот на ЦИА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот