Несреќа со жичницата „Глорија“ во Лисабон / Фото: EPA/MIGUEL A.LOPES

Откриена причината за несреќата со жичницата во Лисабон

Во несреќата со жичницата „Глорија“ во Лисабон, при која загинаа 16 лица, вклучително и туристи од Велика Британија, причината била кинење на кабелот што ги поврзувал кабините, стои во првиот официјален извештај на Канцеларијата за спречување и истрага на воздушни и железнички несреќи, пренесе „Скај њуз“.

Според извештајот, несреќата започнала само шест метри по поаѓањето, кога кабината „ја изгубила балансирачката сила на кабелот“.

ВИДЕО: Жичарницата „Глорија“ во Лисабон излета од шините – најмалку 15 мртви, повеќе од 20 повредени

Дежурниот кочничар веднаш ја активирал пневматската и рачната кочница, но мерките не успеале да ја намалат брзината. Кабината продолжила да забрзува, излетала од шините со околу 60 километри на час и удрила во зграда, сето тоа за помалку од 50 секунди.

Истрагата засега покажува дека опремата била редовно одржувана, а токму утрото пред несреќата бил извршен закажан визуелен преглед. Сепак, точката каде што се скинал кабелот не била видлива без расклопување.

Жичницата „Глорија“, национален споменик и една од најпознатите атракции на Лисабон, го поврзува плоштадот Рестаурадорес со областа Баиро Алто. Несреќата се случила во средата околу 18 часот, кога горната кабина се лизнала надолу и излетала од шините на само 30 метри од подножјето.

Меѓу жртвите се британските државјани Кејли Смит (36) и Вилијам Нелсон (44), уште едно лице од Велика Британија, како и петмина Португалци, од кои четворица биле добротворни работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот