Откажани сите летови низ САД поради дефект на системот на Федералната управа за авијација

Американски аеродром /Фото EPA EFE/ETIENNE LAURENT

Сите летови низ САД се прекинати поради дефект на компјутерскиот систем на Федералната управа за авијација, јавуваат американските медиуми.

Се смета дека има проблем со системот НОТАМ – алатка која се користи за предупредување на пилотите за потенцијални опасности при летот.

Во изјава за „Ен-Би-Си“, Федералната управа за авијација наведе дека „забрзано работи на отстранување на грешката во авијацискиот систем на САД”. Социјалните мрежи, пак, беа преплавени со коментари дека се работи за „огромен проблем”.

„Во моментов работиме на конечната валидација на отстранувањето на грешките и повторното воспоставување на системот. Сите системи во САД се погодени“, соопшти Федералната администрација, додавајќи дека редовно ќе ја информира јавноста за сите најнови информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот