Осуммина малолетници запалиле оган на балкон од тетовската болница

Тетовска болница. / Фото: МИА

Идентификувани се лицата кои вечерта на 23-ти овој месец околу 19 часот запалиле оган на балконската просторија пред Кабинетот за физикална терапија во тетовската Клиничка болница и на тој начин предизвикале општа опасност.

По преземени повеќе оперативни мерки Секторот за внатрешни работи Тетово, МВР соопшти дека станува збор за осуммина малолетници од Тетово, на возраст од 13 до 16 години.

По извршениот увид, а во присуство на нивните родители, извршени се службени разговори со сите нив и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот