Работен состанок на членовите на комисијата за избор на наградата

Осум романи ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“ на фондацијата „Славко Јаневски“

Комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше осум романи што ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“.

Како што соопштуваат од комисијата, на годинашниот конкурс пристигнале 43 романи, во првата селекција одбрани се 20 наслови, а сега на списокот остануваат осум романи.

По втората селекција во компетиција останаа романите „Ветрилиште“ на Игор Анѓелков („Или-или“), „Тони“ на Румена Бужаровска („Три“), „Кој го уби Едгар Алан По“ на Владо Јаневски („Или-или“), „Ехото на акробатите“ на Владимир Јанковски („Арс либрис“), „Леска Брезоска“ на Симона Јованоска („Или-или“), „Простување“ на Кица Колбе („Или-или“), „Светот што го избрав“ на Калина Малеска („Или-или“) и „И ѕирка и проѕирка“ на Огнена Никуљски („Антолог“).

Наградата „Роман на годината“ е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје. Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, која годинава ќе се одржи на 14 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот