фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Остапенко со титулата во Штутгарт по победата над Сабаленка

Летонската тенисерка Јелена Остапенко денеска ја освои титулата на турнирот во Штутгарт, Германија, откако во финалето по два сета – 6:4, 6:1 ја совлада светската тенисерка број еден, Белорусинката Арина Сабаленка.

Остапенко, 24. рангирана во светот, победи по час и 26 минути и ја освои деветтата ВТА титула во кариерата.

Таа направи брејк во првиот гем од првиот сет, а Сабаленка успеа да го врати брејкот во осмиот гем за израмнување на 4:4.

Остапенко веднаш го врати брејкот во следниот гем, а по гејмот на нејзин сервис го освои првиот сет.

Таа доминираше во вториот сет, испушти само еден гем на светскиот рекет број еден и победи по првата меч-точка.

Тоа е нејзина прва титула на земјена подлога по освојувањето на Ролан Гарос во 2017 година.

Остапенко првпат во четири дуели ја совлада Сабаленка, која четврти пат беше поразена во финалето на Штутгарт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот